Posts

Showing posts from May, 2018

,,Бескрајна приказна''

Бескрајна приказна     Во ова дело се зборува за младото момче Бастијан. Тој е многу осамен и не е успешен на никое поле, нема другари, има слаби оценки на училеште, го интересира само читањето книги.     Заплетот се случува кога Бастијан бегајќи од група деца влегува во една антикварница од каде краде една книга. Ја зама книгата и оди на таванот од училиштето каде почнува да ја чита.      Во книгата која ја чита Бастијан има голем проблем. Земјата фантазија почнува да ја снемува. Јунакот кој треба да ја спаси фантазија е Атреј. Барајќи ново име за кралицата тој се соочува со многу пречки, но на крај успева да стигне до една пештера каде што ќе се сретне со помошникот на ,,Ништото''.Таму Атреј дознава дека земјата Фантазија ќе се уништи кога децата на Земјата ќе ја загубат својата креативност и надеж. Атреј се враќа кај кралицата многу разочаран и се и раскажува, но таа наместо да биде тажна се насмевнува и му честита бидејќи успеал во мисијата. Му рекла дека успеа

,,Вујко Вања''

Вујко Вања     Заплетот во ова дело започнува со доаѓањето на Серебрјаков и неговата жена Елена Андреевна во куќата на вујко Вања. Серебрјаков е многу себичен, дрзок, нечовечен и тоа вујко Вања многу го нервира. Од друга страна вујко Вања е вљубен во неговата жена Елена Андреевна која е многу помлада од Серебрјаков. Соња внуката на вујко Вања е заљубена во докторот Астроф. Се случува кулминација на дејството кога вујко Вања ќе му впери пиштол на Серебрјаков, а целиот проблем ќе се реши по заминувањето на Серебрјаков од куќата.   Вујко Вања: заљубен во Елена Андреевна, гневен, жали за одминатиот живот, незадоволен   Серебрјаков: професор во пензија, болен, дрзок, нечовечен, себичен, носталгичен по минатото     Елена Андреевна: млада, убава, пасивна, заводлива, мрзелива, има празен живот, рамнодушна    Соња: вредна, лојална, несреќна, осамена, предадена на судбината    Астроф: доктор, филозоф, чуствителен, посветен на работата, уморен, депресивен

,,Силјан штркот''

Силјан штркот     Во ова дело се раскажува за младиот Силјан кој на крајот ја научил својата лекција.Тој е млад, мрзелив, пијаница, има жена и еден син Велко.     За да им покаже на сите дека не е пијаница и мрзелив решил да тргне на аџилак.По пат доживеале една несреќа и само Силјан останал жив.Се нашол на некој чуден остров каде луѓето имале долги носеви о долги нозе.Прво Силјан се исплашил но потоа им пришол на луѓето и тие го пречекале многу убаво.Тие знаеле се за него што на Силјан му било многу чудно но луѓето се му објасниле.Н островот имало два извора.Му кажале дека ако се напие од едниот извор ќе стане штрк, а кога ќе се напие од другиот пак ќе стане човек.Во тој миг Силјан сфатил дека клетвата која му ја фрлил неговиот татко се остварила.Одредено време Силјан останал на островот.Тој таму работел заедно со останатите и кога дошло време да се врати дома влегол во едниот извор и станал штрк, а за да стане повторно човек кога ќе пристигне дома си наполнил вода од дру

,,Прва љубов''

Прва љубов     Владимир е едно шеснаесет годишно  момче кое живее  во Моска  заедно со своите родители. Едно лето до нив се доселува ново семејсто семејство и Владимир се заљубува во Зинаида која е цели пет години постара од него. Таа него постајоно го задева но тој е неизмерно вљубен во неа.  Еден ден младиот Владимир дознава вест од која неговото срце се крши, тој дознава дека Зинаида е љубовница на неговиот татко.  Оваа приказна завршува со смрта на младата Зинаида која ја омажиле за друг и при породувањето го загубила животот.

,,Шагринска кожа''

Анализа на Рафаел Де Валентин     Рафаел Де Валентин е  главен лик од делото ,,Шагринска кожа''.Тој е прост, не размислува многу за последиците на постапките кои ги прави, всушност не ни размислува многу.     Поради тешката судбина,Рафаел одлучува да се самоубие но во последен миг ја наоѓа шагринската кожа.Без многу да размили ја зема и почнува да посакаву многу работи.Пред да ја добие таа шагринска кожа е многу сиромашен, уништен, не ни сака да живее, никој не забележува дека тој постои но по добивањето на кожата влргува во друштво на богатите.Тој посака да стане богат и угледен и успеа да влезе во друштвото на најбогатите луѓе во општеството но никому не му остави голем впечаток.     Живее во општество во кое секој се грижи нсамо за себе и не ги ни погледнува другите а ко не се од никаква корист.Луѓето меѓусебе не си помагаат, не ги интересира за проблемите во живото на другите и дали можеби можат да помогнат, ги интересира само да бидат богатаи.И Рафел не се

,,Повик на дивината"

Анализа на Бак     Бак е главен лик од делото ,,Повикот на дивината'' од Џек Лондон.Тој е храбар, борбен, паметен...     Овој лик е динамичен.Рзмислува за своите постапки, свесен е.Бак е многу храбар, решителен, секогаш се бори за да биде подобро, да живее по убаво.Бак би бил многу добра личност.Можеме да забележиме колку е решителен во случајот кога сака да стане предводник и  дека е многу храбар забележуваме ког аго удави предходниот предводник, Шпиц.     Овој лик живее во многу не фер опкружување.Живее на многу ладни места , со малку храна но и покрај се тој не ги занемарува своите должности.Бак е комплексен лик, тој не е прост.Многу е свесен за своите постапки и за последиците на неговите постапки.Единствено нешто кое го прави ,а не е по негова желба е што влече санки но потоа бега во шумата и беќе не влече санки, живее како што сака.     Останатите ликови го гледаат Бак како многу храбар водач, дури и некои се плашат од него.Тронтон го гледа како многу добар

Панонски легенди

Панонски легенди     Книгата Панонски легенди е поделена на две житија.Едното житие е на Кирил , а другото е житието на неговиот брат Методиј.     Браќата Кирил и Методиј се од особено значење за словенските народи.Тие ја создале  првата словенска азбука, глаголицата која имала триесет и осум букви.Кирилицата ја создал еден од ученицита на Кирил и затоа е крстена по неговото име - кирилица.     Браќата Кирил и Методиј биле учители,Методиј бил најголемиот син во семејството,а Кирил бил најмалиот.Бидејќи Методиј бил многу постар од Кирил во некој период тој му бил негов учител.Кирил продолжил по патот на својот постар брат и станал и тој учител.Отвориле многу образовни центрии многу училишта.Тие биле првите кои почнале да преведуваат дела од грчки на словенски јазик, прво почнале со црковни дела.     Најпрво било напишано житието за Кирил,тоа било едно од првите книжевни дела напишани на чисто словенски јазик, а потоа било напишана и житието на Методиј.Во житијата се раск

,,Чорбаџи Теодос"

Анализа на Кева     Кева е еден од главните ликови во ова дело.Таа е жена на Теодос.Многу е добродушна, вредна, послушна...      Кева живее во време во кое мажот го има главниот збор во куќата, односно таа живее во патријахално општество и мора да го почитува зборот на својот маж, чорбаџи Теодос.Како и сите останати во куќата и Кева се плаши од Теодос. Тоа можеме да го забележиме кога часовникот во нивната куќа застанува и никој не сака да го разбуди чорбаџијата. Во општеството во кое живееме ние денеска е современо, зборот на мажот во куќата не е главниот збор.     Сакајќи да им угоди на сите Кева постојано живее под стрес.Таа си го уништува својот живот за сите окулу неа да имаа подобар живот.Теодос својата жена ја гледа како робинка.Тој смета дека таа нема право на збор за ништо и дека единсвено нешто што треба го да прави е само она што тој ќе и го каже.Теодос неа ја потценува.Другите ликови ја гледаат Кева како една вредна и верна жена на својот маж која и не се разлик