,,Бескрајна приказна''



Бескрајна приказна


    Во ова дело се зборува за младото момче Бастијан. Тој е многу осамен и не е успешен на никое поле, нема другари, има слаби оценки на училеште, го интересира само читањето книги.
    Заплетот се случува кога Бастијан бегајќи од група деца влегува во една антикварница од каде краде една книга. Ја зама книгата и оди на таванот од училиштето каде почнува да ја чита.
     Во книгата која ја чита Бастијан има голем проблем. Земјата фантазија почнува да ја снемува. Јунакот кој треба да ја спаси фантазија е Атреј. Барајќи ново име за кралицата тој се соочува со многу пречки, но на крај успева да стигне до една пештера каде што ќе се сретне со помошникот на ,,Ништото''.Таму Атреј дознава дека земјата Фантазија ќе се уништи кога децата на Земјата ќе ја загубат својата креативност и надеж. Атреј се враќа кај кралицата многу разочаран и се и раскажува, но таа наместо да биде тажна се насмевнува и му честита бидејќи успеал во мисијата. Му рекла дека успеал да го донесе Бастијан кој е од планетата Земја и дека тој може да ја спаси Фантазија. Бастијан и дал ново има на кралицата ,,Месечево дете" и ја спасил Фантазија.

Comments

Popular posts from this blog

,,Галебот Џонатан Ливингстон''

,,Шагринска кожа''

,,Чорбаџи Теодос"