,,Силјан штркот''
Силјан штркот
Во ова дело се раскажува за младиот Силјан кој на крајот ја научил својата лекција.Тој е млад, мрзелив, пијаница, има жена и еден син Велко.
За да им покаже на сите дека не е пијаница и мрзелив решил да тргне на аџилак.По пат доживеале една несреќа и само Силјан останал жив.Се нашол на некој чуден остров каде луѓето имале долги носеви о долги нозе.Прво Силјан се исплашил но потоа им пришол на луѓето и тие го пречекале многу убаво.Тие знаеле се за него што на Силјан му било многу чудно но луѓето се му објасниле.Н островот имало два извора.Му кажале дека ако се напие од едниот извор ќе стане штрк, а кога ќе се напие од другиот пак ќе стане човек.Во тој миг Силјан сфатил дека клетвата која му ја фрлил неговиот татко се остварила.Одредено време Силјан останал на островот.Тој таму работел заедно со останатите и кога дошло време да се врати дома влегол во едниот извор и станал штрк, а за да стане повторно човек кога ќе пристигне дома си наполнил вода од другиот извор во едно шише.По долгиот пат Силјан конечно пристигнал дома и кога слетувал шишето му се скршило.Во тој миг Силјан многу се разочарал.Ова лето тој морал да остане тука.Цело лето стоел на покривот на нивната куќаи го гледал неговото семејство.За да му поверуваат дека бил штрк им земал по нешто на секој член од семејствотои ги ставал на кровот.Кога конечно Силјан станал човек се вратил дома и се им раскажал и им покажал.
Силјан на крајот ја научил својата лекција.Веќе не бил пијаница и почнал да работи.
Comments
Post a Comment