,,Повик на дивината"
Анализа на Бак
Бак е главен лик од делото ,,Повикот на дивината'' од Џек Лондон.Тој е храбар, борбен, паметен...
Овој лик е динамичен.Рзмислува за своите постапки, свесен е.Бак е многу храбар, решителен, секогаш се бори за да биде подобро, да живее по убаво.Бак би бил многу добра личност.Можеме да забележиме колку е решителен во случајот кога сака да стане предводник и дека е многу храбар забележуваме ког аго удави предходниот предводник, Шпиц.
Овој лик живее во многу не фер опкружување.Живее на многу ладни места , со малку храна но и покрај се тој не ги занемарува своите должности.Бак е комплексен лик, тој не е прост.Многу е свесен за своите постапки и за последиците на неговите постапки.Единствено нешто кое го прави ,а не е по негова желба е што влече санки но потоа бега во шумата и беќе не влече санки, живее како што сака.
Останатите ликови го гледаат Бак како многу храбар водач, дури и некои се плашат од него.Тронтон го гледа како многу добар лик и го сака,а Шпиц го мрази бидејќи му го зема неговото место како водач.
На почетокот Бак не размислува многу како постапува бидејќи животот му се менува одеднаш и тој емногу лут но со текот на времето сфаќа дека мора да се соочи со судбината и почнува да се помирува.Тој одлично се снаоѓа во новата околина и многу брзо учи.
Можеме да заклучиме дека Бак е еден многу храбар, решителен, добар лик кој е многу свесен како постапува и кои последици ќе ги сноси.
Comments
Post a Comment