,,Чорбаџи Теодос"
Анализа на Кева
Кева е еден од главните ликови во ова дело.Таа е жена на Теодос.Многу е добродушна, вредна, послушна...
Кева живее во време во кое мажот го има главниот збор во куќата, односно таа живее во патријахално општество и мора да го почитува зборот на својот маж, чорбаџи Теодос.Како и сите останати во куќата и Кева се плаши од Теодос. Тоа можеме да го забележиме кога часовникот во нивната куќа застанува и никој не сака да го разбуди чорбаџијата. Во општеството во кое живееме ние денеска е современо, зборот на мажот во куќата не е главниот збор.
Сакајќи да им угоди на сите Кева постојано живее под стрес.Таа си го уништува својот живот за сите окулу неа да имаа подобар живот.Теодос својата жена ја гледа како робинка.Тој смета дека таа нема право на збор за ништо и дека единсвено нешто што треба го да прави е само она што тој ќе и го каже.Теодос неа ја потценува.Другите ликови ја гледаат Кева како една вредна и верна жена на својот маж која и не се разликува од останатите жени бидејќи сите го живеат истиот живот.
Кева е помирена со судбината на својот живот и не се ни обидува да промени нешто.Веќе е навикната само да му слугува на својот маж, ништо никогаш да не му се побуни бидејќи се плаши од него...Кева е сосема свесна за тоа меѓутоа и покрај се не се обидува да промени ништо.Според ова можема да заклучиме дека Кева е птост лик.Од почетокот на дејството па се до крајот Кева останува иста.
Според се мозе да заклучиме дека Кева е една вредна, послушна, добра жена.Таа живее како што што ќе одлучи нејзиниот сопруг, чорбаџи Теодос.
Comments
Post a Comment