,,Описменех''
Описменех
,,Описменех''(За буквите) е напишано од страна на Црноризец Храбар кој на прекрасен начин со многу аргументи зборува за оправданоста на постоењето на словенското писмо.
Низ текстот Црноризец на многу смирен, а воедно убедлив начин образложува зошто е потребен словенскиот јазик.Тој во неговото дело ги потсетува грците како нивното писмо настанало , многу настани, луѓе, факти кои се непознати за многумина од нив. Словените кого и да прашаш знае да одговори кој ја создал нивната азбука.
Црноризец дава многу убав одговор на прашањето ,,Зошто толку многу букви, 38 кога може да се пишува и со помалку?".Тој вели дека и грчките знаци кога ќе ги собреш се 38 - тие навистина пишуваат со 24 букви, но при пишување употребуваат уште 11 двогласки и три знака за броевите 6, 90 и 900 па така и кај нив се собираат 38 знака.
Исто така Црноризец прекрасно одговара и на прашањето ,,Кој ви ги создал буквите?'' .За ова неговиот став е ваков.Со неговото мислење тој ги омаловажува грците.Вели дека на нив им требало многу години и многу луѓе додека да ја создадат азбуката.Потоа вели дека многу грчки писатели не ни знаат кој ја создал азбуката,а словените кој и да прашаш знае да одговори.Сите знаат дека Кирил ја создал азбуката и заедно со неговиот брат Методиј ги превеле книгите.
Comments
Post a Comment