,,Галебот Џонатан Ливингстон''


Галебот Џонатан Ливингстон


    Во ова дело се раскажува за галебот Џонатан Ливингстон кој повеќе од се сака да научи совршено да лета. Поважно му е да лета отколку да лови храна и поради ова е избркан од групата.
     Џонатан не е како другите галеби, тој за останатите мисли дека немаат никаква цел во животот, а пак сите останати за него мислат дека тоа што го прави е премногу глупаво.Сотекот на времето Џонатан се усовршува во летањето. Тој веќе многу добро зане и самиот да лови риби, да се одмара додека лета...
    Една ноќ додека Џонатан летал до него се приближиле два други галеби. И тие како и Џонатан знаеле да изведуваат многу акробации, па Џонатан ги прашал кои се тие.Двата галеба му одговориле дека ќе го однесат во неговиот вистински дом.Сите тројца почнале да летаат нагоре и одеднаш Џонатан се нашол на крајбрежјето каде имало многу други галеби.Џонатан дознал дека тука сите се како него, сите ја имаат истата цел и многу се израдувал.Старешината Ганг го научил многу работи кои Џонатан дотогаш не ги знаел.По некое време Џонатан станал галебот кој лета најсовршено од сите и почнал да ги подучува младите галеби кои доаѓале.
    Можеме да заклучиме дека ако нешто навистина сакаме треба за тоа нешто да се бориме и еден ден ќе се оствари.Џонатан кој е многу решителен,упорен,храбар на крајот успеа да ја постигне својата цел.Никогаш не треба да се откажуваме од она жто го сакаме.

Comments

Popular posts from this blog

,,Силјан штркот''

Панонски легенди

,,Антигона''